За време на подготовките во Маврово, екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола покрај тоа што ги одработи базичните подготовки кои ги предводеа тренерите Александар Јовиќ и Александар Зарков, одиграа и контролни натпревари против Еурофарм Пелистер, и со екипите на Прилеп и Металург.
На ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 според тоа како ги одиграа два последни натпревари против, тренирањето во полн ритам им донесе и добра форма пред почетокот на новата сезона во Супер лигата, а тоа го докажаа и со двете победи.
Првата средба на подготовките во Маврово ја играа против екипата на Прилеп која ја добија со 31-24, а потоа го победија Металург со 29-21.
Минатата сезона, Екипата на Еурофарм Пелистер 2 стигна до плеј-офот, а со такви амбиции се и оваа година со оглед на новите имиња кои се оваа сезона во тимот.