Со македонски екипи, без интернационални гости денеска на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ во Струга почнува 49. издание на „Струшкиот ракометен турнир“. Традиционалниот турнир ќе го отворат екипите на домаќинот Струга и Вардар, а по свеченото отворање силите на теренот ќе ги одмерат Тиквеш и Металург.
Турнирот ќе трае до 15 август, а шесте македонски екипи ќе се натпреваруваат во две групи. Во Првата група се екипите на Струга, Бутел и Вардар, додека во втората ќе настапат Еурофарм Пелистер, Металург и Тиквеш.
Бранител на трофејот е Еурофарм Пелистер.
Досегашни победници:
13 - Еурофарм Пелистер
12 - Вардар 1961
4 - Борац Бања Лука
3 - Металург, Тутунски Комбинат Бренд и Металопластика
2 - Железничар и Шартр
1 - Струга, Тиквеш, Аски Анкара, Приштина, Сесон Рен, Целје Пивоварна Лашко и АЕК