Еурофарм Пелистер е освојувач на трофејот во Суперкупот на Македонија, со кој официјална почнува новата ракометна сезона во земјава. Битолчани триумфираа со 31-22, користејќи ја одличната форма на почетокот на сезоната. За Еурофарм Пелистер ова беше прв трофеј во македонскиот ракомет по пауза од 16 години, а со тоа на фантастичен начин ја најави новата сезона во која ќе се обиде да дојде до титулата во домашното првенство.
Вардар 1961 почна подобро и имаше 7-4, но потоа следуваше израмнето прво полувреме пред Пелистер да има фантастична серија од 5-1 за да направи голема предност, која потоа ја сочува до крајот на мечот и по три сезони, да ја освои титулата од Суперкупот. Нервозата го направи своето и капитенот Стојанче Стоилов заработи црвен картон во второто полувреме по еден удар со лакт над Обрадовиќ.
Суперкуп на Македонија 2021:
Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 22-31 (14-14)
Спортска сала: „Борис Трајковски“ - Скопје
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Делегат: Камер Металари
Вардар:
Томовски, Гогов, Ристовски, Јагуриновски, Стоилов 1, Валчак 1, Моралес 2, Георгиевски 2, Карапалевски, Гаџа 1, Талески 5, Дибиров 7, Ѓукиќ, Атанасовски 2, Ќосевски, Мишевски 1,
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 12 минути
Еурофарм Пелистер:
Секели 1, Кизиќ, Ивановски, Мараш 2, Ојлески 1, Маркоски 1, Маџовски 2, Кукуловски 1, Мандалиниќ 6, Кушан 4, Радовиќ 1, Периќ 5, Костески, Кукоски, Божиќ-Павлетиќ 4, Обрадовиќ 3,
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 6 минути
Голманот на битолчани Мартон Секели имаше одлично деби за Еурофарм Пелистер со 12 одбрани, а постигна и еден гол. Мандалиниќ постигна шест гола и беше најефикасен на мечот.
Двете екипи по настапот во Суперкупот ќе патуваат за Струга, каде ќе играат на традиционалниот ракометен турнир.