Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер забележа нова победа во домашното првенство, откако во Битола го совлада Тиквеш без особени проблеми со 40-23. Клучната залиха за битолчани беше обезбедна во финишот на првиот дел, кога беше плус пет, во вториот дел голманот Ивиќ имаше серија интервенции, Алонсо им даде шанса на скоро сите ракометари од клупата и на крајот шампионот славеше убедлив триумф.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Богдан Радивојевиќ и Петар Атанасијевиќ со по седум гола, а во составот на Тиквеш Кривокапиќ постигна шест погодоци.
Ракомет
Суперлига 2024/25
12. коло
Еурофарм Пелистер - Тиквеш 40-23 (18-13)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Цехте 3, Ристевски 1, Кузманоски 5, Тајник 1, Борзаш 1, Радивојевиќ 7, Кузмановски 4, Абутовиќ, Ѓорговски 1, Пет. Атанасијевиќ 6, Пешевски 2, Хосни 1, Пав. Атанасијевиќ 5, Мамдух 3
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути
Тиквеш:
Велков, Арсиќ, Даневски, Анастасовски 3, Мијатовиќ 1, Темелковски 3, Соколов, Андоноски, Кофиловски, Димовски 1, М: Манасков 4, Гачевиќ, Коцев 1, Летиќ 1, Кривокапиќ 7, Обина 2
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 10 минути
Во следното 13. коло Еурофарм Пелистер гостува во Струга.