Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има нов капитен. улогата која лани ја извршуваше Градимир Чаневски, во новата сезона ќе му припадне на Јосип Периќ. Босанецот во Битола дојде во 2020 година, се покажа како одлично засилување, па токму затоа ќе има голема одговорност. Негов заменик ќе биде Милорад Кукоски.
Жељко Бабиќ и неговиот стручен штаб веќе ги прават финалните планови пред стартот на новата сезона, која што започнува со битка за трофеј, во рамки од Суперкупот на Македонија. Противник на битолчани во овој дуел ќе биде шампионот Вардар 1961.
Веднаш потоа, Периќ, Кукоски и другарите ќе се преселат во Струга, каде пелистерци го бранат трофејот на традиционалниот турнир, кој годинава ќе го има своето 49-то издание.