Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер го одигра првиот подготвителен натпревар пред почетокот на новата сезона, а спаринг партнер го имаше тимот на Еурофарм Пелистер 2. Тимот на Јовиќ се држеше добро во првото полувреме кога имаше негатива од еден гол (13=-12), но во второто полувреме поискусниот тим се загреа и ја наполни мрежата на противникот.
Најефикасен за првиот тим на Пелистер беше Божиќ Павлетиќ со 6 гола, а Табоада и Ојлески реализираа по 4 гола.
За Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Кузманоски со 6 гола, а Ѓукиќ реализираше 4.
Пријателски натпревар:
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 30-22 (13-12)
Спортска сала во Маврово
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски (Скопје)
Еурофарм Пелистер:
Секељи (5 одбрани), Кизиќ (4 одбрани), Ивановски, Радовиќ, Божиќ Павлетиќ 6, Костески 3, Мараш 1, Периќ 5, Табоада 4, Мандалиниќ 2, Обрадовиќ 2, Граџан 2, Маркоски 1, Кушан, Ојлески 4, Маџовски, Кукуловски
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Трајковски (5 одбрани), Б. Ристевски, И. Димитровски 2, Кузманоски 6, Димитриески, Талевски 2, В. Димитровски 1, Арсеновски 1, Стоилевски, Ѓукиќ 4, Буторац, Блажевски. Х. Ристевски, Мирчевски, Андонов, Табакоски 3, Белистојановски, Петковски, Петровиќ 3
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер следната недела ќе тестира со Металург во Маврово, а Еурофарм Пелистер 2 ќе се соочи со Прилеп.