За првпат во исаторијата на македонскиот шампионат еден ракометар од Унгарија ќе игра за првенствени бодови. Мартон Секељи од Порто се пресели во Пелистер и ќе го заземе местото на Карим Хендави, кој минатиот месец го засили Замалек од Каиро.
На претставувањето Секељи откри дека двајца македонски репрезентативци добро го запознале со проектот на Еурофарм Пелистер.
„Играв против Еурофарм Пелистер како играч на Татабања и на Веспрем, така да знам многу за клубот и за тимот. Супер-задоволен сум што сум тука. Беше крај на летото кога клубот ме покани да им се придружам и многу сум задоволен што се договоривме и што се приклучив на овој традиционален клуб.
Разговарав многу со Никола Митревски и додека игравме во Порто, но исто така и ова лето. Разговарав и со Дејан Манасков исто така, па ги знам сите потребни детали за клубот“, рече Унгарецот.
В петок во пријателски натпревар против Еурофарм Пелистер 2 во Маврово, Секељи ќе дебитира за својот нов клуб.