Отворен е процесот за акредитирање на медиумите и медиумите работници за натпреварот од првото коло на групата А на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и Колштад (13 септември - 18:45 часот). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
РК Еурофарм Пелистер ги известува новинарите и медиумските работници за медиа-активностите за време на сезоната 2023/24 во Лигата на шампионите на натпреварите на нашиот клуб.
Проектот Еурофарм Пелистер е веќе препознатлив во ракометниот свет и ни претставува особено задоволство што продолжува нашиот тренд на засилувања и доведувања на репрезентативни имиња. Сакаме да ги израдуваме нашите многубројни приврзанивци со најновиот наш член
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 на Михаил Петровски го освои четвртото место на традиционалниот турнир во Прилеп.
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го освои првото место на второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Пелистерци триумфираа во финалето против грчкиот тим Олимпијакос со 30-27. Претходно Еурофарм Пелистер ги совладаа Бутел Скопје со 32-21 и Татран Прешов со 29-24 и загубија од Металопластика со 26-27,
РК Еурофарм Пелистер ги финализира подготовките за новата сезона, во која ќе се натпреварува во домашниот шампионат, Куп и Суперкуп, во регионалната СЕХА лига и во Лигата на шампионите на ЕХФ. Овој викенд нашиот клуб е почестен со поканата за учество на „Турнирот на пријателството“ во Сакарија, Турција.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister