Со уште едно убедливо издание Еурофарм Пелистер 2 се доближи до перфектна лига со сите победи во регуларниот тек и плеј-офот. Избраниците на Александар Зарков како на тренинг го прегазија тимот на Вардар Неготино на гостински терен. Победата од 21 разлика покажува дека дуелот беше нерамноправен. Шанса добија сите ракометари, а најефикасни беа Белистојановски и туниското засилување Мохамед Азис.
Ракомет
Прва
Плеј-оф - осмо коло
Вардар Неготино - Еурофарм Пелистер 2 17-38 (9-19)
Спортска сала „Кирил и Методија“ - Неготино
Гледачи: 300
Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров
Вардар Неготино:
Димов 1, Ј. Јовановски 1, Х. Ристов 1, Кузманов 3, Кузев, Дрваров, Стојанов 2, Мицев, Велков, Пандев, Петров 5, Станковиќ, Илијевски, Пранговски, Пеовски 4, В. Ристов
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Пелистер 2:
М. Јовановски, Младенов, Маркоски 3, Блажевски, Наумовски, Митревски, Димитровски, Калајџиовски 8, Пецаковски 1, Славков 1, Гичев 4, Димовски 1, Белистојановски 10, Југовски 1, Дрогришки 2, Мохамед Азис 7
Седмерци: 2/2
До крајот на плеј-офот на Првата лигата екипата на Еурофарм Пелистер 2 има уште неколку натпревар за перфектна сезона и промоција во Првата лига со сите победи.