Еурофарм Пелистер 2 славеше на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 38-22 во заостанатиот натпревар од прволигашкиот плеј-оф. Битолчани сега имаат 31 победа на 31 меч, а им останува уште еден за перфектен скор оваа сезона. Кај битолчани најефикасни беа Калајџиески со седум, како и Митревски, Маркоски и Белистојаноски со по шест гола, а кај Македонија ЃП се истакна Костовски со пет погодоци.
Еурофарм Пелистер 2 одамна е сигурно прв на табелата, а сега Македонија Ѓорче Петров и Мулти Есенс се на делба на второто место.
Ракомет
Прва лига 2025/26
Плеј-оф - десетто коло
Македонија Ѓорче Петров - Еурофарм Пелистер 2 22-38 (13-19)
Спортска сала „Кочо Рацин“
Гледачи: 100
Судии: Наум Александровски и Стефан Кузмановски
Македонија Ѓорче Петров:
Божиновски 2, Чакалиќ 1, Иванов 4, Нацев, Терзиовски, Неделковски, Стојкоски, Лашникоски 1, Станојкоски 2, Таневски, Мартин Димовски 2, Костовски 5, Бучуковски 2, Ѓеровски, Марковски 3
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Маркоски 6, Блажевски, Наумовски, Митревски 6, Димитровски, Калајџиовски 7, Пецаковски, Славков 1, Гичев 2, Марко Димовски 1, Белистојановски 6, Југовски 1, Дрогришки 6, Мохамед Азис 3
Седмерци: /
Исклучувања: 10 минути
Екипата на Александар Зарков има уште еден натпревар и заминува на заслужен одмор и следната сезона ќе се натпреварува во Суперлигата.