b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_03_изјава_Бабиќ.jpg

Иако германските клубови се доминантни во евро-куповите, сепак Еурофарм Пелистер верува дека може да приреди сензација и да го елиминира второпласираниот тим во германскиот шампионат, Магдебург. Пред првиот осминафинален натпревар од Лига Европа, тренерот Жељко Бабиќ потенцираше каков успех за клубот е настап воова друштво.

„Мислам дека остваривме многу добар резултат, сите сме горди на пласманот во осминафиналето. Среќни сме што ни доаѓа моќна германска екипа како Магдебург, екипа која е во врвот на првенството на Германија. Но, во спортот не се живее од минатото, па ние ќе направиме сè добро да се презентираме и да најдеме што е лоша страна на Магдебург“, смета Бабиќ.

Хрватскиот стручњак ги наполни со комплименти Германците, кои имаат неколкумесечна серија без пораз во Бундеслигата.

„Тие играат многу брзо, брза транзиција и брз проток на топка. Имаат на сите надворешни позиции пониски ракометари, кои се моќни во играта „еден на еден“. Магдебург има крила кои скокаат од мали агли и имаат висок процент на реализација. Имаат и подвижна одбрана и можам да набројувам уште многу работи. Тие неслучајно се втори во Бундеслигата, но ќе повторам уште еднаш: Без оглед на сите нивни квалитети, ние ги знаеме нивните слабости. Секој противник има свои слабости и со ментална агилност ќе ги пореметиме и верувам дека тие ќе имаат големи проблеми во Битола. Оптимист сум и покрај тоа што игравме многу натпревари и имаме повредени ракометари. Никој не е фаворит во Битола против Еурофарм Пелистер“, заврши тренерот на Еурофарм Пелистер.

Утрешниот натпревар почнува во 20:45 часот. а возвратниот се игра во Магдебург следниот вторник од 18:45 часот.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723