b_640_480_16777215_00_images_vesti_2017_08_pecak10.JPG

Еурофарм Работник го заокружи комплетирањето на играчкиот кадар со продолжувањето на договорот на Дејан Пецаковски. Битолчанецот доби нов едногодишен договор и целосно заздравен ќе го предводи својот тим во Европа.

Пецаковски сериозно го повреди коленото во август минатата година на струшкиот турнир, па мораше да биде опериран и се врати на ракометните терени дури во пролетните месеци. Сепак, и тоа како беше од корист во тимот на Андон Бошковски во пласманот во финалето на Купот на Македонија и излегувањето во Европа, во Челинџ Купот.

Од утре Еурофарм Работник се сели во Маврово каде ќе ја реализира втората фаза на подготовки со целиот ростер, вклучувајќи ги и засилувањата Ојлески, Чампар и Ковачевиќ.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723