Во второто коло од македонската ракометна Суперлига екипата на Еурофарм Пелистер славеше со 23-26 против ГРК Охрид во салата „Билјанини извори“. Домаќините дадоа се од себе за да дојдат до позитивен резултат, но отсуствата на Орјоникидзе и Мацуока, плус повредата на Јотиќ беа едноставно пресудни за да направи, добие нешто плус од ова соочување со бранителот на пехарот.
„Гладијаторите“ водеа со 4-1, но Пелистер се консолидираше, се врати во игра и на одмор се стекна со предност од 11-12. Беше неизвесно, борбено и во вториот дел, меѓутоа во завршницата битолчани беа на повисоко ниво и дојдоа до резултатот што го посакуваа.
Филип Кузмановски со 12 гола беше најефикасен играч на средбата, Рудолф Сафранко имаше седум реализации кај поразените.
Ракомет
Суперлига 2024/25
Плеј-оф - второ коло
Охрид - Еурофарм Пелистер 23-26 (11-12)
Спортска сала „Биљанини извори“ - Охрид
Гледачи: 2.000
Судии: Михајло и Методија Илиевски (Битола)
Охрид:
Чаневски, Ѓоргевски, Б. Ристевски, Ојлески 1, Јукиќ 1, Костов, Ристески, Тасевски 2, Сафранко 7, Јотиќ 5, Кукоски, Крстевски, Пешиќ 2, Кукуловски, Винициус, Цирар 5
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Манасков, С. Ристевски, Кузманоски, Тајник 2, Борзаш 1, Радивојевиќ 7, Кузмановски 12, Костески, Абутовиќ, Пешевски 1, Хосни 1, Хаџиќ, Пав. Атанасијевиќ 1, Мамдух 1
Седмерци: 8/7
Исклучувања: 4 минути
Во следното трето коло од разигрувањето, в недела во Битола гостува Алкалоид.