b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_04_IMG_4021.JPG

Еурофарм Пелистер 2 уште еднаш покажа дека нема конкуренција во Првата лига. Избраниците на Александар Зарков триумфираа на гостувањето кај Драчево со убедливи 15 гола разлика (22-37)

Победникот беше најавен уште по првиот дел, кога битолчани водеа со 19-9, а второто полувреме беше само формалност. Најдобри во победничкиот тим беа Белистојаноски со десет гола, Митревски со седум и Маркоски со шест, додека кај Драчево се истакна Дука со седум погодоци.

Ракомет
Прва 2024/25
Плеј-оф - второ коло

Драчево - Еурофарм Пелистер 2 22-37 (9-19)

Спортска сала „Круме Кепески“ - Скопје
Гледачи: 200
Судии: Силвана Карбеска и Марија Илиевски

Драчево:
Петровски, Анѓелковски 2, Крстевски 1, Христовски, Тодоров 2, Стојкоски, Лалов 1, Дабевски 2, Симјановски, Петковски 1, Ферукоски 2, Цветановски 1, Дука 7, Младеновски 3
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Спасевски, Марковски 6, Митревски 7, Калајџиовски 2, Пецаковски 2, Славков 2, Гичев 2, Димовски 1, Белистојановски 10, Југовски, Дрогришки 5
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер 2 ја зголеми предноста на лидерската позиција и сега има 18 бодови, пред „витамините“ од Автокоманда со 11 и Младост со 10 бода.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723