b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_12_fgcgd.jpg

Еурофарм Пелистер утре ќе го одигра последниот натпревар оваа година во Лигата на шампионите против хрватскиот Загреб. На средбата со новинарите зборуваа тренерот Бранислав Ангеловски и Србинот Урош Борзаш.

Тренерот на битолчани го нарече противникот „ракометна институција“, а левиот бек ели дека Загреб е во налет, но пелистерци се тука за да им ја прекинат низата.

Бранислав Ангеловски
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Доаѓа една ракометна институција. Ако погледнеме во минатото не треба многу да зборуваме за името на противникот. Сите олимписки и светски шампиони со хрватската репрезентација мораа да поминат низ таа школа. Загреб има одлична млада генерација, која во иднина ќе биде добар тим на ракометните терени. Имаат спој на младост и искуство. Кога зборувам за искуство мислам на Диборов, Чупиќ и Гојун. Тоа се трите стратешки позиции кои ја прават одбраната толку хомогена и густа. Нема да биде лесно да ја разбиеме таа одбрана.

Загреб игра константно добро и за мене не е во прашање и нивниот пласман во следниот круг на Лигата на шампионите. Фасцинираат нивните игри, но имаат и маани, на кои ние ќе обрнеме внимание во овие следни два дена и ќе бидеме спремни максимално за нивната игра и во напад и во одбрана.

Загреб беше магнет за сите млади играчи во Југославија. Ја имав таа среќа, а можеби и привилегија, да бидам дел од Загреб заедно со Лазаров, Марковски, Јовиќ, потоа и Стоилов и Мајнов. Загреб секогаш ги бираше најдобрите таленти од нашите простори. Поминав одлични три сезони во Загреб. Тие сезони ме лансираа да имам уште подобра интернационалионална кариера. Со восхит зборувам и за клубот и за Загреб како град и за Хрватска.

Урош Борзаш
(Еурофарм Пелистер)

Загреб е во одличен ритам и доаѓаат во налет. Ние сме тука да го прекинеме тој налет и се надевам на победа. Работиме напорно, го анализираме противникот и се надевам и верувам во она што го работиме секојдневно и очекувам позитивен резултат.

Треба да ги исправиме тие ситни грешки кои ги направивме во Загреб во последните дваесет минути. Прававме почетнички грешки, продадовме неколку топки и тие како искусна екипа тоа го искористија преку контра напади. Париравме 40 минути и во одбрана и во напад и во полуконтра, но тој финиш ни беше навистина лош.

Губиме, но на секој натпревар сме блиску. Имавме опции за победа против ПИК Сегед и против Кил и против Киелце. Тоа ни дава сила и мотив дека можеме некого да изненадиме до крајот на Лигата на шампионите. Имаме своја цел, а тоа е да откинеме бод на некоја голема екипа, така да ќе се обидеме до крајот на групата и тоа да го направиме. Ова е последен натпревар за оваа година во Лигата на шампионите и се надевам дека ќе ја израдуваме публиката и самите себеси пред празниците со победа против Загреб.

Последните четири кола од групната фаза на Лигата на шампионите се играат во февруари и март 2024 година.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723