Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 запишаа триумф над Куманово со 27-25 во драматичен натпревар од 8 коло во суперлигашкиот плеј-оф. При 25-25 на три минути до крајот, домаќините погодија преку Бен Махфуд и Mитревски, гостите не ги реализираа своите шанси и бодовите останаа во Битола.
Двете екипи во текот на мечот се менуваа во водството, пелистерци имаа плус четири во првиот дел, 11-7, но набрзина ја загубија предноста, а Куманово водеше во средината на второто полувреме со два гола, но и тоа кратко траеше. Во финишот црвени картони добија Цековски од Куманово и Митревски од Еурофарм Пелистер 2 поради остри стартови, но тоа не го промени односот на силите и битолчани заслужено се радуваа на победата.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Бен Махфуд со девет и Митревски со шест гола, додека кај Куманово се истакна Ончев со единаесет погодови реализации.
Ракомет
Суперлига 2025/26
Плеј-аут - осмо коло
Еурофарм Пелистер 2 - Куманово 27-25 (13-12)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 100
Судии: Дејан и Димитар Ѓорѓиевски
Еурофарм Пелистер 2:
М. Фехми, Јовановски, Марковски 3, Лозановски 2, Гичев, Даневски, Митревски 6, Шулевски, Лазаревски, А. Фехми. Пецаковски, Славков, Белистојановски 3, Дрогришки 1, Мохамед Азис Бен Мафуд 9, Одефард Баптист 3
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 10 минути
Куманово:
Мартинез Калцадо 1, Димевски 2, Мицевски, Димитров 1, Вујицевски, Арсовски, Цветковски, Цековски 1, Стојановски, Трајковски, Солиман Радwан 4, Крстаноски 2, Иванов, Закариа Алу 2, Стојков 1, Ончев 11
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 10 минути
На две кола до крајот на сезоната Еурофарм Пелистер 2 е второпласиран, веднаш зад Прилеп, на табелата во плеј-аут зоната.






