Како дел од стабилизација на проектот и конструирање на тимот за иднина, РК Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте. Десниот бек се обврза на договор на уште една година со шампионот на Македонија.
РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека потпиша двегодишен договор со хрватскиот кружен напаѓач, Кајо Цикатиќ. Овој 24-годишен кружен напаѓач, висок 197 сантиметри и тежок 107 килограми, доаѓа од хрватскиот прволигаш Горица.
Со интерна манифестација, посветена на акционерите, спонзорите и пријателите на клубот, шампионот на Македонија, РК Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната 2023/24. На церемонијата, одржана во Голд Фелициа, присутни беа сите чинители на успешната сезона. Клубот го анализираше постигнатото, се обратија претседателот Зоран Стерјев, спортскиот директор Звонко Шундовски, тренерот Бранислав Ангеловски и капитенот Филип Кузмановски. Со пригодни подароци беа испратени ракометарите кои заминуваат од клубот на истек на договорот. Следната ваква средба закажана е за крајот на август, при претставувањето на екипата за сезоната 2024/25.
РК Еурофарм Пелистер на крајот на сезоната се разделува со седум ракомери кои заминуваат од нашиот клуб на истек на договорот. Најискрено им се заблагодаруваме за професионалноста и ангажманот на: Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Марио Танкоски, Денис Васиљев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски.
Македонската машка младинска репрезентација ќе биде дел од Европското првенство, кое ќе се одржи во Словенија во период од 10 до 21 јули 2024 година. На списокот на селекторот Радомир Стојановиќ се наоѓаат и ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, Ненад Белистојановски, Мирче Калајџиевски и Самоил Ристевски
Eкипата на Прилеп беше подобра на свој терен против Еурофарм Пелистер 2 со 31-24 и го прати тимот на Михаил Петровски во баражот за опстанок во Суперлигата.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister