Ракометарите на Еурофарм Пелистер триумфираа против Куманово со 46-26 во првиот меч од Суперлигата во 2025 година. Куманово парираше само на почетокот, кога резултатот беше 4-4, по што битолчани ја преземаа контролата и на полувреме заминаа со предност од 25-12. Домашниот тим во Битола не му дозволи на ривалот да биде ниеднаш конкурернтен и славеше со убедлива разлика. Тренерот Раул Алонсо им даде шанса на сите ракометари да настапат, a разликата меѓу двата тима беше евидентна.
Богдан Радивојевиќ со единаесет гола беше прво име во таборот на победникот, а одличен беше и Костески со осум погодоци. Кај поразениот Куманово, Да Силва и Филипе постигнаа по пет гола.
Ракомет
Суперлига 2024/25
17. коло
Еурофарм Пелистер - Куманово 46-26 (25-12)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 800
Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски
Еурофарм Пелистер:
Н. Митревски, Ивиќ, Ристевски 1, Кузманоски 3, Тајник, Борзаш 2, Радивојевиќ 11, Кузмановски 6, Костески 8, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ 4, Пешевски 1, Хосни 2, Хаџиќ 1, Пав. Атанасијевиќ 4, Мамдух 3
Седмерци: 2/2
Исклучување: 4 минути
Куманово:
Трајковски, Димевски 2, Жоао Виктор 2, Димитров 1, Цветковски 3, Јакимовски 1, Стојановски, Миладиновски 1, Лазаревски, Хен 6, Крстаноски 1, Матачиќ 1, Гиљерме 5, И. Митревски, Симоноски 3, Михајловски
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 10 минути
Во следното 18. коло, следниот викенд, Еурофарм Пелистер гостува кај Охрид.