Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа седмиот пораз на единаесеттиот натпревар во Лигата на шампионите и тоа во Лисабон каде беа надиграни од домаќинот Спортинг со 30-24.
„Зелено-белите“ одиграа рамноправно прво полувреме и на пауза заминаа со еден гол негатива (14-13). Македонскиот првак беше максимално конкурентен и на почетокот на вториот дел до 17-17, резултат по кој домаќините направија серија од 4-0 и создадоа предност која потоа ја одржуваа и дојдоа до седмо славје во групата А.
Најефикасен кај Пелистер беше македонскиот репрезентативец Кузмановски со шест погодоци, пет пак постигна Хосни.
Ракомет
Лига на шампионите 2024/25
А група
11. коло
Спортинг Лисабон - Еурофарм Пелистер 30-24 (14-13)
Спортска сала „Жоао Роча“ - Лисабон
Гледачи: 1.500
Судии: Марко Боричиќ и Дејан Марковиќ
Спортинг Лисабон:
Кристенсе, Али, Роча 8, Поркелсон 7, Ф. Коста 5, Суарез 2, Гасама 2, М. Коста 2, Гури 1, Мартинез 1, Хогхиелм 1, Силва Гомез 1, Силва Оливеира, Касеиро, Бранкиљо, Мога
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Кузмановски 6, Пешевски 4, Хосни 5, Хаџиќ 3, Мамдух 3, Радивојевиќ 2, Тајник 1, Борзаш 1, Ристевски, Кузманоски, Костески, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 10 минути