Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаја пораз во Лигата на шампионите, откако вечерва загубија од полскиот претставеник Киелце (21:24).
Битолчани имаа многу лош старт и до крајот на полувремето стигнаа до само осум постигнати голови, во ситуација кога на паузата Киелце замина со предност од шест гола.
Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за собир на претстојната ЕХФ недела. Во рамки на ЕХФ неделата, сениорската селекција на Македонија ќе одигра подготвителни натпревари со репрзентацијата на Грција. Од тимот на Еурофарм Пелистер повикани се: Марко Кизиќ, Емилијан Ѓорговски, Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски, Ненад и Жарко Пешевски. На листата на резерви се наоѓа Павле Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер и Мирче Калајџиески од Еурофарм Пелистер 2.
По консултацијата со носителите на ТВ правата, познати се термините и саатниците за последните четири натпревари од групната фаза на Лигата на шампионите.
Пелистерци во февруари ќе одиграаат три средби, а во март следи последниот дуел против Колштад.
РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека досегашниот тим менаџер на екипата Звонко Шундовски од морални причини се повлекува од клупата на нашиот клуб. Управата на клубот одлучи да го разреши од прв тренер на екипата и Александар Јовиќ.
Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 29-25 (18-11)
Еурофарм Пелистер со 29-25 го доби денешното дерби против Вардар 1961, но пропушти шанса за поубедлива победа и сигурно прво место во групата Б на Суперлигата. Битолскиот тим водеше во текот на целиот натпревар, во текот на второто полувреме имаа предност и од девет голови разлика, но на крајот не успеаа да дојдат до посакуваниот резултат.
Со особена загриженост ја примивме веста за вироза во таборот на нашиот следен противник во групата Б на Суперлигата, Вардар 1961 од Скопје.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 19, 2024 by RK Eurofarm Pelister