Мешков Брест - Еурофарм Пелистер 35-31 (20-18)
Во финалето на меѓународниот турнир „Купот на пријателството“ во Болу, ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија од Мешков Брест со 35-31.
Еурофарм Пелистер - Чеховски Медведи 26-25 (12-15)
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе игра во финалето на „Купот на пријателството“ во Болу, Турција. Екипата на Бранислав Ангеловски, носена од голманите и младите сили, одигра феноменален финиш и од -5 стигна до победа против Чеховски Медведи од 26-25 (12-15).
Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе се соочат во борба за првиот домашен трофеј во новата сезона - Суперкупот на Македонија.
Ракометната федерација на Македонија ги одреди групите за сезоната 2024/25 во Првата лига. Еурофарм Пелистер 2 за противници ги доби Аеродром, , Металург РА, Јехона, Овче Поле, Кичево, Астраион, Борец и Мулти Есенс.
Еурофарм Пелистер во драматично финале го победи Вардар 1961 со 29-26 и го освои турнирот во Струга по 14. пат во историјата, па двата македонски ракометни бренда се израмнети на врвот на вечната листа.
Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 29-26 (13-11)
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер стигна до титулата на 52-от Струшки турнир откако во финалето го совладаа Вардар со 29-26 (13-11). Вардар во финалето влезе како бранител на трофејот, но на крајот се радуваше битолскиот состав. За Еурофарм Пелистер оваа титула беше 14. на овој турнир.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister