Шеснаесетте учесници во ланското издание на Лигата на шампионите ќе се натпреваруваат и оваа сезона. Познати се термините за натпреварување, кои предвидуваат девет интензивни месеци на највисокото клупско ниво.
Групната фаза ќе започне во втората недела од септември, десет кола ќе се одиграат до крајот на оваа година, а последните четири од групниот сегмент во февруари и март 2026 година. Завршниот турнир е во вториот викенд од јуни следната година во „Ланксес Арена“.
Македонските љубители на ракометот, посебно фановите на Еурофарм Пелистер, можат да ги забележат датумите за сезоната.
Термини за Лигата на шампионите 2025/26:
Групна фаза:
1. коло - 10/11 септември 2025
2. коло - 17/18 септември 2025
3. коло - 24/25 септември 2025
4. коло - 08/09 октомври 2025
5. коло - 15/16 октомври 2025
6. коло - 22/23 октомври 2025
7. коло - 12/13 ноември 2025
8. коло - 19/20 ноември 2025
9. коло - 26/27 ноември 2025
10. коло - 03/04 декември 2025
11. коло - 18/19 февруари 2026
12. коло - 25/26 февруари 2026
13. коло - 04/05 март 2026
14. коло - 11/12 март 2026
Осминафинале:
01/02 април и 08/09 април 2026
Четвртфинале:
29/30 април и 6/7 мај 2026
„Фајнал-фор“:
13 и 14 јуни 2026
Ждрепката за групната фаза е закажана за в петок во 15:00 часот во Виена, а Еурофарм Пелистер е класифициран во третиот шешир.