Репрезентативецот на Хрватска, левиот бек Стипе Мандалниќ од вечерва е нов член на Еурофарм Пелистер. Тој е најголемото засилување за битолскиот тим за новата сезона, откако од Загреб потврди дека потпиша договор на две сезони.
Поранешниот играч на ППД Загреб, во минатата сезона настапуваше за Фуксе Берлин. Има 27 години и со нетрпение чека да се запознае со новите соиграчи и фановите.
„Добро вечер Битола, добро вечер на сите фанови на Еурофарм Пелистер, здраво за „Чкембарите“. Официјално се е готово, јас сум нов играч на РК Еурофарм Пелистер, се гледаме наскоро и тргнуваме кон освојување на титулата“, изјави Стипе Мандалиниќ во видео порака од Загреб.
Хрватскиот репрезентативец ги носеше и дресовите на Карловац и Сплит. Мандалиниќ е четврто засилување на клубот од Битола по Периќ, Кушан и Танкоски.