Еурофарм Пелистер 2 - Работнички 33-17 (19-10)
Во првиот натпревар под името Еурофарам Пелистер 2, во рамките од 15. коло од Суперлигата, во Битола падна тимот на со 33-17. Околу петстотини љубители на ракометот видоа ддве млади екипи кои се надигруваа за првенствени бодови. Победникот беше решен уште во првото полувреме кога екипата на Александар Зарков се одлепи на 19-10. Вториот дел донесе игра со послави одбрани и многу голови.
Најдобри стрелци кај домашните беа Васко Димитровски со шест голови, како и Игор Трајковски и Никола Димитров со по пет погодоци.
Кај Работнички се истакнаа Давор Палевски со седум голови и Стефан Добревски со три гола.