И во следната сезона организацијата на играта на нашиот тим ќе му биде доверена на словенечки среден бек. Еурофарм Пелистер потпиша двегодишен договор со Миха Котар, 27-годишен среден бек, кој во Македонија доаѓа од првакот на Србија, Партизан
Котар е роден во Требње, поникна во матичниот Тримо Требње, афирмација доживеа во Словењ Градец, а во последните две сезони го носеше дресот на белградски Партизан. Со ангажманот на Котар нашиот клуб добива квалитет, искуство и додадена вредност во тимот.
Официјалното претставување на Котар е предвидено во јули на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27. Еурофарм Пелистер покрај Миха Котар во наредниот период ќе донесе и уште еден играч на оваа позиција, со што играчкиот кадар ќе биде комлетен за големи дострели.






