Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа победа над Алкалоид од 33-35 во дерби средбата од петтото коло на плеј-офот, која вечерва се одигра во Автокоманда.
Овој натпревар понуди многу голови, пресврти и на крајот славје на актуелниот шампион. Избраниците на Кирил Лазаров беа подобар ривал во првото полувреме и на пауза заминаа со предност од 22-16. На стартот на вториот дел поведоа и со +8, но од тука тргна неверојатниот кам-бек на „зелено-белите“.
Еурофарм Пелистер играше искусно, постепно го намалуваше минусот за да потоа и дојде до водство кое успеа да го сочува и да дојде до 44 бода на табелата.
Дејан Манасков беше лидер кај гостинот кај стрелците со седум гола, а Дамјан Митев на другата страна имаше седум реализации.
Ракомет
Суперлига 2025/26
Плеј-оф - петто коло
Алкалоид - Еурофарм Пелистер 33-35 (22-16)
Спортска сала: „Автокоманда“ - Скопје
Гледачи: 1.000
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Алкалоид:
Кизиќ, Галевски 1, Џонов 3, Тордарсон, Маркоски, Стојковиќ 3, М. Митев 5, Велковски 1, Симоноски, Ивановски, Ненад Костески 6, Петковски, Д. Митев 7, Борзаш 2, Аларов, Николов 4
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хеидарирад, Манасков 7, Видомски, Ристевски 2, Хакбарт 2, Граховац 1, Хенигман 3, Радивојевиќ 1, Кузмановски 6, Абутовиќ, Калајџиоски, Петар Атанасијевиќ 1, Пешевски 2, Хосни 5, Павле Атанасијевиќ 3
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 14 минути
Во следното шесто коло од плеј-офот Еурофарм Пелистер ќе се сретне со Бутел Скопје.






