pel2-struga-116.jpg

Еурофарм Пелистер 2 го совлада тимот на Струга со високи 38-22 (15-15) во натпреварот од четвртото плеј-аут коло на Суперлигата. Младите пелистерци стигнаа до втората победа во доигрувањето, одново на домашен паркет.

Откако предност ја мина границата од +10 веќе немаше враќање, а гостите го „спуштија гардот“. Битолските ракометари само ја полнеа мрежата и на крајот стигна до највисоките „плус 16“ во 57 минута.

Со перфектни „осум од осум“ Ненад Белистојаноски ги водеше пелистерци до победата, а шест даде Баптист. Кај стружани седум реализации имаше Наум Костов.

Битолчани остануваат на второто место на табелата од плејаутот со 25 бода, еден помалку од Прилеп кој има и меч помалку. Во „мини лигата“ за опстанок веќе се е познато, односно најважното. Радовиш е речиси прволигаш, а Струга би требало да игра бараж со второпласираниот тим од Прва лига. До крајот на сезоната остануваат уште шест кола.

Ракомет
Суперлига 2025/26
Плеј-аут - четврто коло

Еурофарм Пелистер 2 - Струга 38-22 (15-15)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 200
Судии: Методија и Михајло Илиевски (Битола)

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски 1, Младенов, Марковски 5, Лозановски 1, Даневски 1, Велевски, Митревски 5, Шулевски 2, Лазаревски, Дамчевски, Пецаковски, Славков, Белистојановски 8, Дрогришки 4, Мохамед Азис Бен Махфуд 5, Одфред Баптист 6
Седмерци: /
Исклучувања: 14 минути

Струга:
Тутенкоски, Стефановиќ, Мечкароски 1, Костов 7, Клењоски, Ферукоски 1, Шукрески, Пејоски, Симоноски 2, Димоски, Костоски 5, Савески 3, Талевски, Мајдоуб 3
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 8 минути

Ова е трета победа во исто толку натпревари на младите пелистерци на Зарков против тимот од Струга.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723