Еурофарм Работник - Борец 32-23 (16-12)
Вечерва во спортската сала „Младост“ во Битола ракометарите на Еурофарм Работник го совладаа ГРК Борец со 32-23 (16-12) и застанаa на врвот на првенствената табела во Суперлигата.
На стартот по одбранетиот удар од седум метри, Работник поведе со 4-1, а брзо потоа и со 8-4. Тоа беше позитивен сигнал дека грчот од мечевите со Пелистер и Охрид е надминат. Велешани имаа инвидуални блесоци, но цело прво полувреме заостануваа, па на одмор се замина со 16-12.
Дистанцата од 3-4 гола постојано ја одржаа момците на Марковски и Зарков и по 22-19, поврзаа лесни голови од контранапади за серија од 4-1 и високи 26-19. Без треперење и со многу рутина Еурофарм Работник го приведе мечот кон крај за финални 32-23.
Златко Мојсоски и Ашраф Адли со по 7 гола беа најефикасни во победничката екипа, а Португалецот Серџо Барош постигна 6 гола.
Еурофарм Работник има три победи и еден пораз и изби на водечкото место по четири одиграни натпревари со ист учинок со Пелистер.
Погледни фото галерија
https://rkeurofarmpelister.com/vesti/209-ubedliva-pobeda-na-eurofarm-rabotnik-protiv-veleshki-borec#sigProId7dcc74411f