Првата фаза на подготовки на РК Еурофарм Работник минува според планот. Тренерскиот тим Зарков – Марковски напорно работат со сите ракометари, кои се здрави и силно мотивирани.
По вчерашниот прв тест натпревар и победата во Скопје против Вардар Јуниор со 28-33, ракометарите денес им се вратија на тренинзите во спортската сала „Младост“ и почнаа да го подготвуваат учеството на струшкиот турнир, каде Еурофарм Работник ќе учествува за првпат во својата историја. Таму „фармацевтите“ се сместени во групата со Стеауа и Металург. Погледнете ги фотографиите од последниот тренинг на новиот суперлигаш:
https://rkeurofarmpelister.com/vesti/177-foto-prviot-test-uspeshen-sledi-podgotovka-za-strushkiot-turnir#sigProId9e04b20ad2