Ракометарите на Еурофарм Пелистер се во Маврово, каде ја одработуваат најтешката фаза од подготовките за новата сезона.
Тренерот Александар Јовиќ и стручниот тим-менаџер на битолчани, Звонко Шундовски, веруваат дека ракометарите ќе се подготват добор за сите предизвици што ги чекаат во новата сезона. Тројцата капитени Жарко Пешевски, Марио Танкоски и Ненад Костески објаснија како се одвиваат тренинзите во Маврово.
Битолчани вторник попладне се враќаат во својот град и ќе ги продолжат подготовките за турнирите во Добој и Охрид.