b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_04_еурофарм_пелистер_2_-_бутел_4.jpg

Ракомет – Суперлига – плеј-оф (Седмо коло)

Еурофарм Пелистер 2 – Бутел 25-26 (14-14)

Бутел е победник на драматичниот натпревар од седмото коло на разигрувањето во Битола против Еурофарм Пелистер 2 со резултат 25-26. Натпреварот беше одлучен во последните две минути кога екипата на Јовиќ пропушти две шанси за израмнување.

Првото полувреме мина во тактичко надмудрување и во израмнета игра, по што на одмор се замина со 14-14. Бутел извонредно го стартуваше вториот дел, младите „пелистерци“ постигнаа само еден гол во првите десет минути, а гостите го искористија тоа за водство од убедливи 15-20. Тимот на Еурофарм Пелистер 2 се врати, во 51. минута дојде до -1, а носен од Павле Атанасијевиќ и Стефан Талевски имаше и шанса за бод. Сепак, одбраната на гостите ја сочува предноста и бодовите заминуваат во Скопје.

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски (Скопје)

Еурофарм Пелистер 2:
Ивановски, Бардакоски, Петковски, Пав. Атанасијевиќ 6, В. Димитровски 1, Митревски, Петровиќ 3, И. Димитровски, С. Талевски 7, Стоилевски 3, Пет. Атанасијевиќ 1, Дрогришки 3, Блажевски, Арсеновски 1
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 10 минути

Бутел:
Даскаловски, Блажески, Младеновски 1, Ѓорѓиевски 3, Божиновски 2, Митев, Спасовски 6, Мојсоски, Милошески, Стојчевиќ, Печенковски 4, Трифковиќ 2, Јефтиќ 1, Василевски 2, Мајиќ 5
Седмерци: 7/6
Исклучувања: 12 минути

Во следното осмо коло Еурофарм Пелистер 2 го пречекува лидерот Вардар 1961.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723