По извлекувањето на стартните броеви познат е комплетниот распоред за шампионатот на Македонија во ракомет за сезоната 2025/26. Двата битолски суперлигаши ќе ја започнат сезоната на гостински терен, а ќе играат меѓусебе во осмото и деветнаесеттото коло.
РК Еурофарм Пелистер ги известува новинарите и медиумските работници за медиа-активностите за време на сезоната 2025/26 во Лигата на шампионите на натпреварите на нашиот клуб.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги обајви имињата на сите учесници во следната сезона во Лигата на шампиони. На овој список се најде и актуелниот македонски првак, Пелистер. Битолчани трета година по ред ќе бидат дел од елитата, тие добија „вајлд-карта“ од европската „куќа на ракометот“.
Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се одржа извлекување на натпреарувачките броеви за натпреварувачка сезона 2025/26. Двата битолски клубови ги добија своите броеви и веднаш потоа и ривалите за првото коло
Македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер, преку Ракометната федерација на Македонија (РФМ) достави апликација до Европската федерација на Македонија (ЕХФ) за учество на нашиот клуб во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26.
Најталентираните млади ракометари на Еурофарм Пелистер, кои беа дел од јуниорската екипа која сезоната ја заврши како четвртопласирана во Европа добиваат професионални договори со клубот. По Стефан Лазаревски и Андреј Дамчевски на долга верност со матичниот клуб се обврза и Леонид Лозановски.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јануари 20, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister