b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_12_zarespiosoko.jpg

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, денес го објави поширокиот список на ракометари кои ќе конкурираат за настап на претстојното Европско првенство.

На списокот на Лазаров се наоѓаат шест ракометари на Еурофарм Пелистер: капитенот Кузмановски, браќата Атанасијевиќ, Ристевски, Пешевски и Митревски.

Голмани:
Никола Митревски (Еурофарм Пелистер)
Мартин Томовски (Битигхајм, Германија)
Марко Кизиќ (Алкалоид)
Иван Галевски (Алкалоид)
Васил Гогов (Вардар 1961)

Леви крила:
Гоце Ојлески (Охрид)
Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер)
Иван Џонов (Алкалоид)
Марио Стојановски (Вардар 1961)
Димитар Димитриоски (Прилеп)

Десни крила:
Никола Костески (Алкалоид)
Ненад Костески (Алкалоид)
Ален Ќосевски (Вардар 1961)
Александар Петковски (Алкалоид)

Средни бекови:
Игор Ѓорѓиев (Алкалоид)
Марко Митев (Алкалоид)
Дамјан Митев (Алкалоид)
Марио Танкоски (Вардар 1961)
Мартин Ивановски (Алкалоид)

Десни бекови:
Мартин Серафимов (Алкалоид)
Томислав Јагуриновски (Охрид)
Филип Николов (Бутел Скопје)
Мартин Велковски (Алкалоид)
Давид Савревски (Охрид)

Леви бекови:
Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер)
Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер)
Емилијан Ѓоргоски (Алкалоид)
Михајло Младеновиќ (Кретеил, Франција)

Кружни напаѓачи:
Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер)
Милан Лазаревски (Вардар 1961)
Валентин Карасманакис (Алкалоид)
Марко Стојковиќ (Алкалоид)
Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер)

Дефанзивци:
Никола Маркоски (Алкалоид)
Михаил Аларов (Алкалоид)

Европското првенство ќе се игра во втората половина на јануари 2026 година. Македонската репрезентација е во група со кодомаќинот Данска, Португалија и Романија.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723