Повеќе...

Магдебург - Еурофарм Пелистер 35-24 (14-9)

Во реванш натпреварот од осминафиналето од Лига Европа, битолски Еурофарм Пелистер забележа нов пораз, откако во Германија загуби со 35-24 (14-9) од екипата на Магдебург. Со двата порази екипата од Битола е елиминирана од Европа, во сезона во која стигна во нокаут фазата и победи на пет од дванаесет натпревари.

Повеќе...

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер утре ќе го одигра возвратниот натпревар од осминафиналето на Лига Европа против Магдебург. Оицијалните лица на оваа средба, кои ги одреди Европската ракометна федерација се судиите Саид Боунуара и Калид Сами од Франција и делегатот, Австриецот Герхард Рајзингер.

Повеќе...

По загубениот натпревар од Вардар 1961, битолски Еурофарм Пелистер го чека уште една тешка битка против Магдебург во осминафиналето во Европската лига. Битолчани ја почувствува моќта на бундеслигашот, но веруваат во подобро издание од првиот натпревар минатата недела.

Повеќе...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се во негативен момент по поразите од Магдебург и Вардар.

Битолчани ги чека реваншот против бундеслигашот во Лигата на Европа, а босанскиот среден бек Јосип Периќ вели дека мора да се одигра најдобро што може против Магдебург.

Повеќе...

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека при последното тестирање на ковид-19, неопходно за патувањето на екипата во Магдебург, тренерот на екипата Жељко Бабиќ е позитивен на ПЦР тестот. Се работи за асимптоматски случај и Бабиќ веќе е во карантин. Наместо него екипата во Магдебург ќе ја водат неговите помошници Божидар Мојсов и Ице Соколески.

Повеќе...

Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 35-27 (17-12)

РК Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер со 35-27 (17-12) во дерби натпреварот од третото коло на плеј-офот на Суперлигата. Вардар одигра одлично во првото полувеме, период во кој успеа да се стекне со позитива од пет голови. Во последните 90.секунди домаќините влегоа со предност од 16-11, по голот на капитенот Стоилов. Во последната минута битолчани напаѓаа за -3, Ристовски одбрани, по брза контра погоди Чупиќ за 17-12 резултат со кој се замина на одмор.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723