Повеќе...

Тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Јовиќ повторно го има целиот ростер на располагање. Откако беа детектирани неколку позитивни случаи на корона вирус, ракометарите го минаа периодот на изолација и се враќаат во тренажен процес. Оние асимптоматски случаи тренираа во своите домови, со насоки на стручниот и медицинскиот тим, а сега ќе бидат дел од групата.

Повеќе...

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека и покрај строгите протоколи, принципиелноста и внимавањето, детектирани се позитивни случаи на ковид-19 во ростерот на екипата. По враќањето на тренинзи на ракометарите кои не се повикани во дресот на националните репрезентација, редовното тестирање пред продолжување со тренинзи евидентирани се неколку позитивни тестови на коронавирус, поголемиот дел асимптоматски.

Повеќе...

Еурофарм Пелистер е клубот кој дава најмногу македонски репрезентативци на почетокот на квалификациите за Европското првенство. Дури шестмина од ростерот на Жељко Бабиќ ги започнаа подготовките за натпреварите против Финска и Швајцарија. На списокот од 19 имиња, Брестовац ги повика Никола Маркоски, Велковски, Кукоски, Костески, Маџовски и Танкоски. Сепак, првиот проблем за Брестовац е изостанокот на тренер на голмани. Царчев е позитивен на ковид-19 и ќе го скокне овој прв ЕХФ прозорец.

Повеќе...

За натпреварот од третото коло на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и Кадетен Шафхаузен (17.11.2020) започна процесот за акредитирање на сите ТВ, Веб ТВ и радио станици според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.

Повеќе...

Ракометната федерација на Македонија ги извести сите клубови од Суперлигата, Прва лига и Женска лига декa oд денес сите натпреварувања се ставаат во мирување. Одлуката се должи на измените во протоколот за организација на спортски натпревари во услови на пандемија кој беше официјализиран во текот на вчерашниот ден.

Повеќе...

По одигрувањето на натпреварот од второто коло на Д групата на Лига Европа меѓу ГОГ Гудме и Еурофарм Пелистер, тренерот на македонскиот вицешампион, Жељко Бабиќ им даде неколку слободни дена на своите ракометари. Половина од ростерот на Бабиќ заминаа на прозивка во своите репрезентации, а другите ќе одмораат до вторник кога хрватскиот стручњак ќе ги започне подготовките за натпреварот против Кадетен Шафхаузен.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723