Започнаа првите репрезентативни повици пред ЕХФ неделата која следи на крајот од месецот. Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Хрвоје Хорват и неговиот нов асистент, Ивано Балиќ, го објавија списокот на ракометари за Еврокупот против Словачка и Унгарија, кои ќе се одиграат кон крајот на овој и почетокот на следниот месец.
Младиот голман на македонската репрезентација, Марко Кизиќ е нов ракометар на Еурофарм Пелистер за периодот од јуни 2021 до јуни 2024 година. 20-годишниот Кизиќ потпиша договор со битолскиот клуб и ќе ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција.
Ракомет – Суперлига (плеј-оф) – Шесто коло
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 28-21 (14-10)
Еурофарм Пелистер ја запиша петтата победа во шестиот натпревар на плеј-офот, откако во првото битолско дерби сезонава го совладаа Еурофарм Пелистер 2 со 28-21 (14-10). Натпреварот беше коректен и натпреварувачки, а квалитетот и долгата клупа на фаворитот дојдоа до израз. Домаќините уште од самиот старт ја покажаа разликата во квалитет и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да го доведе до прашање победникот на натпреварот.
Поранешниот тренер на Пелистер, српскиот стручњак Вук Рогановиќ почина денес на 77-годишна возраст. Рогановиќ го водеше клубот од Битола пред 40-тина години и остави трага со својата работа во градот на ракометот.
Ракометната федерација на Македонија на денешната седница на Управниот одбор донесе значајни одлуки за системо на натпреварување за следната сезона, како и за ограничувањето на странски ракометари. Главната промена која ќе стапи на сила од сезоната 2021/22 е враќањето на СЕХА-лигашите во домашната Суперлига уште од почетокот, а не како досега да се вклучуваат напролет, во плеј-оф фазата. Тоа значи дека Суперлигата ќе има 12 екипи уште во основниот дел, кои ќе играат меѓусебно во двокружен систем, дома и на гости во 22 кола.
Натпреварот од шестото коло на групата А на СЕХА Гаспром лигата помеѓу Еурофарм Пелистер и ППД Загреб, планиран за 13 април во 17:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола нема да се одигра. Хрватскиот тим има големи проблеми со ковид-19 во своите редови и на барање на ППД Загреб. натпреварот е одложен.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister