b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_07_шекели_претставување.jpg

РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека египетскиот клуб Замалек од Каиро ја откупи клаузулата од договорот на Карим Хендави, кој имаше потпишана соработка со нашиот клуб до јуни 2022 година. Хендави во февруари годинава дојде во Еурофарм Пелистер и настапи во вториот дел од сезоната 2021/22. Клубот е исклучително благодарен на професионалец како Хендави и му посакува многу успех во понатамошниот тек на кариерата. Благодарност и до клубот Замалек за професионалниот пристап при откупот на договорот.

Нов член на нашиот клуб и замена за Хендави е унгарскиот репрезентативен голман, Мартон Секељи. 31-годишниот голман потпиша едногодишен договор и како и другите ракометари од ростерот на клубот, ќе се јави на првиот тренинг на 19 јули. Секељи минатата сезона ја мина во Порто, а претходно настапуваше за Балатонфуреди, Чурго, Татабања и Веспрем. За националната репрезентација собра 49 настапи. Во досегашниот дел на кариерата освои СЕХА Гаспром лига со Веспрем и двојна круна во Португалија со Порто. Беше прогласен за унгарски голман на годината во 2018 година. Клубот ќе го претстави по неговото пристигнување во Битола.

хендави заминување

„Сакам да му се заблагодарам на Карим Хендави за професионалноста во периодот минат во нашиот клуб. Неговата желба беше останување во Битола и почитување на договорот и единствена грижа му беше недостатокот на едукација за неговите деца во нашиот град. Египетскиот гигант Замалек ја плати високата откупна клаузула и моравме веднаш да реагираме. Со ангажманот на Мартон Секељи доведовме искусен голман, репрезентативец и верувам дека ќе бидеме компетитивни на голманската позиција“, вели спортскиот директор на клубот, Димитар Митревски.

Подготовките за новата сезона Еурофарм Пелистер ги започнува на 19 јули.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723