Ракометарите на Младост 1977 и Еурофарм Пелистер 2 одиграа нерешен резултат (30-30) во натпреварот од шестото коло на Суперлигата на Македонија.
Натпреварот тргна израмнето, домашните поведоа со два гола предност (3-1), а иако ривалот пријде на 5-4 следуваа два гола за Младост за „плус три“. Продолжи подобрата игра на домашните ракометари, па со два врзани гола стигнаа до 9-5. Гостинот постигна еден, а потоа Младост со три во низа стигна на максимални „плус шест“ (12-6). До полувремето пелистерци намалија до 14-11, резултат со кој се замина на одморот.
Еурофарм Пелистер 2 стигна до егал по долго време и израмни на 14-14. Младост почна одново и повторно успеа да стекне сигурна предност (23-18). Во последните десет минути домашните влегоа со 26-22, меѓутоа во завршницата понуди голема драма. Битолчани успеаја да се вратат до егал во 58. минута (29-29), а до крајот погодија уште Пејиќ и Илиески од пенал. Младост имаше напад за победа со доволно време на семафорот, меѓутоа се заглавија и доби само фаул. Во последните три секунди домаќините имаа прекршок и топка од девет метри, но погрешија и испуштија шанса да победат.
Со девет гола најефикасен играч на средбата беше Даниел Андоновски од Младост, додека осум погодоци запиша Божидар Илиески кај гостите од Битола.
Ракомет
Суперлига 2026/27
Шесто коло
Младост - Еурофарм Пелистер 31-31 (14-11)
Спортска сала „Млаз“ - Богданци
Гледачи: 1.000
Судии: Иван Илиевски и Александар Шукоски
Младост:
Панов, Паунов, Илиќ, Стојаноовски, Атанасов 4. Андоновски 9, Иванов, Узунчев 1, Паунков, Јанковски 3, Каркапашев 2, Младеновски, Пеиќ 3, Гогов, Бојаниќ 1, Ахмед Мајдуб 7, Пеев
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 10 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Трајков, Младенов, Димевски 8, Лозановски 1, Стојков 1, Митревски, Гутиќ 6, Трајков, Шулевски, Лазаревски 1, Илиески 8, Дамчевски, Ј. Симоновски, Крстевски, Дрогришки, Ѓорѓиевски, К. Симоновски 5
Седмерци: 8/7
Исклучувања: 10 минути
Во следното седмо коло Еурофарм Пелистер 2 в петок ќе го пречека Тиквеш во Битола.






