b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_10_kummnb.jpg

Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога и славеше над МРК Куманово со 36-23 (19-11) во дуелот од шестото коло во Суперлигата. Тимот што го предводи Лино Червар одигра колку што му беше потребно за да дојде до посакуваниот резултат и петтата победа во шампионатот со што во моментов е на првото место на табелата.

Еурофарм Пелистер во двете полувремиња даде по 18 голови со тоа што во првото му дозволи на противникот 11, а во второто 12 погодоци. Капитенот Кузмановски со 7 и Атанасијевиќ со 6 реализации беа најефикасни играчи во победничкиот табор, додека Костов со 8 беше прво име кај поразените

Ракомет

Суперлига 2026/27

Шесто коло

Еурофарм Пелистер - Куманово 36-23 (19-11)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола

Гледачи: 500

Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска

Еурофарм Пелистер:

Митревски, Хеидарирад, Белистојановски 2, Видомски 2, Басанесе 1, Ристевски 3, Серафимов, Кузманоски 4, Граховац 2, Хенигман, Кузмановски 7, Пет, Атанасијевиќ 6, Хакбарт 5, Пав. Атанасијевиќ, Нтанзи, Татар 4

Седмерци: 8/6

Исклучувања: 0 минути

Куманово:

Г. Трајковски, Цавејски, Мечкароски, Димитров 1, Вујицевски 2, Костов 8, Цветковски, Новаковски, Стојановски 1, М. Трајковски 1, Омар Мамдух 5, Николовски, Гичев 5, Мохамед, Закарија Алу, Младеновиќ, Хамза Мамдух Ибрахим

Седмерци: 1/1

Исклучувања: 0 минути

Во следното коло Еурофарм Пелистер гостува кај Прилеп.

sponzori 2026 2027

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723