b_640_480_16777215_00_images_vesti_2020_11_125438212_156732442862211_1694737378230328385_o.jpg

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер на вчерашниот тренинг ги промовира трите гарнитури на дресови за сезоната 2020/21. Пред првиот домашен натпревар, со клупските дресови позираа капитенот Градимир Чаневски, Стипе Мандалиниќ и Марио Танковски. Во отсуство на можност за планира промоција со своите фанови, приврзаници и спонзори, клубот се одлучи со онлајн промоција да го одбележи новиот почеток.

Еурофарм Пелистер сезонава ќе игра во зелено-бела, сино-бела и бело-сина гарнитура во Лига Европа, СЕХА Гаспром лигата и Суперлигата.

„Добро се чувствуваме во двете комбинации и двете бои на нашите дресови. Сино-белата боја е традиционална, до 90-тите, а зелено-белата е боја на новото време. Навивачите многу ни недостигаат, вака изгледа како да играме на тренинг. Кога ќе се дозволат навивачи нашата сала ќе биде обоена во зелено-бела боја“, изјави македонскиот репрезентативец Марио Танковски.

 

Клубот го промовираше и онлајн фан-шопот на кој љубителите на Еурофарм Пелистер ќе може да ги купат клупските дресови, маици, сувенири, обележја. На веб-страницата на која клубот ги онлајн ги продава своите поединечни и сезонски билети - https://kartieurofarm.mk/fanshop/ сега може да се купат и клупските дресови.

125458341 156732432862212 6960968015624482717 o

Меѓу „Чкембарите“ интересот е огромен, а со оглед и на поволните цени, нема дилеми дека брзо ќе се распродадат и кога ќе биде овозможено присуство на гледачи во спортската сала „Боро Чурлевски“, таа ќе биде обоена во клупските бои.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723