b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_08_lino_sundo.jpg

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер официјално ги започна подготовките за новата сезона 2026/27 под водство на новиот трофеен хрватски стратег Лино Червар. Познатиот тренер ја изврши првата прозивка и работен состанок во Битола, најавувајќи дека во овој клуб планира да ја заврши својата богата кариера.

Пред тренингот Червар зборуваше за клупските гласила и за домашните медиуми.

„Морам да кажам дека ми е чест да бидам тука и да го водам Еурофарм Пелистер. Тука ќе биде и крајот на мојата кариера. Мило ми е дека сум во мојата втора татковина. Знам кој е Пелистер, клуб со голема традиција уште кога го водев Умаг во првата југословенска лига играв против овој клуб. Пепи Манасков ни беше голем проблем тогаш. Многу сум амбициозен. Ќе дадам се од себе за Пелистер да биде компетентен. Малку сум поинаков, па ќе работиме поинаку. Ќе биде игра за клубот да има свој имиџ, идентитет и препознатливост на теренот. Сите ние заедно, секој од нас мора да даде се. Јас како тренер морам да бидам пример, да се бориме како екипа и да се обидам да направам се што можам за клубот да биде успешен.

Засега имаме три натпревари, еден ќе биде репрезентацијата на Катар, вториот е словенечка Крка и уште еден со прволигаш. Бргу ќе дојдат натпреварите од регионалната лига, па мора да внимаваме. Уште во првото коло имаме голем предизвик во Охрид, па мора да се „програмираме“. Најважно е да добиеме идеја за играта, играчите да видат што сакам и каков ќе биде Пелистер. Има многу работа, а нема многу време и мора да сме рационални. Се држам до една приказна, мора да ја сакаш работата која ја работиш. Секој тренер би сакал да ги има најдобрите играчи, ама кога го немаш она што го посакуваш најмногу, мора да го сакаш она што го поседуваш. Јас го сакам тимот кој го имам, верувам во тој тим и заедно како семејство сите во клубот мора да сме успешни, а потоа времето ќе покаже до каде ќе стигнеме“, рече Червар.

Главната мисија на Червар е да ја врати титулата во Битола, откако во претходната сезона Вардар 1961 заврши пред пелистерци на табелата во Суперлигата.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723