b_640_480_16777215_00_images_vesti_2020_11_125073529_155713899630732_3015004486036440368_o.jpg

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека натпреварот од третото коло на групата Д на Лига Европа меѓу нашиот клуб и Кадетен Шафхаузен од Швајцарија ќе се одигра редовно во вторник на 17 ноември во 18:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола без присуство на гледачи.


РК Еурофарм Пелистер навремено ја извести Европската ракометна федерација за позитивни случаи на коронавирус во екипата, стручниот и медицинскиот тим, како и за заразеност на сите голмани во екипата, пријавени за европските натпревари. По неколкудневна консултација клубот ја прифати препораката на ЕХФ натпреварот редовно да се одигра.
Веќе неколку од заразените ракометари ќе излезат од изолација и ќе им се приклучат на останатите кои со денови тренираат со Жељко Бабиќ во Битола. Останатите, посебно оние асимптотамтски случаи тренираа индивидуално во своите домови. И покрај краткиот период за заеднички тренинзи, Еурофарм Пелистер подготвен ќе го дочека натпреварот против првакот на Швајцарија.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723