b_640_480_16777215_00_images_vesti_2017_04_OHRID_-_EUROFARM.jpg

Ракометарите на Еурофарм Работник загубија од Охрид со 28-23 (11-13) во првиот меч од плеј-офот на ракометниот шампионат на Македонија. Добриот почеток на натпреварот им донесе предност од три погодоци на охриѓани (6-3) на семафорот. Но, гостинските ракометари со серија 4-1 израмнија на 7-7 и наговестија целосен пресврт. До крајот на првиот дел битолчани поведоа и со три голови (11-8), а на одмор замина со два погодоци позитива.

Охридските ракометари одново имаа добар почеток на мечот, откако во првите десет од вториот не примија ниту еден погодок, а постигнаа пет за водство (16-13). Серијата погодоци продолжи и предноста на Охрид достигна пет голови за највисоко водство (20-15).

Гостите и покрај негативата не се предадоа и со 4-1 серија се вратија во игра (21-19) за поволен резултат. Сепак, домаќините не дозволија такво нешто и со голгетерска низа од четири голови ги решија сите дилеми околу победникот. Охриѓани рутински го спроведоа мечот во мирна завршница и ги запишаа првите бодови на табелата во плеј-офот.

Марко Кобетиќ со 11 гола беше нерешлива енигма за битолчани, а Бобан Блажески постигна 5 гола. Во победничкиот тим по 4 гола дадоа Јосип Кезиќ и Лазар Адамович. Благојче Трајкоски собра 17 успешни интервенци, од кои 10 во вториот дел. Во екипата на Еурофарм Работник најпрецизен беше Серхио Барош со 6 гола.

 

ФОТО: Филип Вирановски - www.gol.mk

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723