Радовиш немаше сили да му дадее силен отпор на тимот па Еурофарм Пелистер 2, кој од салата „25 мај“ се врати со победа од 38-23 (21-11) се враќа дома. Колку беше нерамноправен дуелот покажува и фактот што гостинскиот тренер Александар Зарков ниту еднаш не побара тајмаут, иако има право на три. По 9 одиграни минути гостите водеа со 5-2, а домаќините бараа „минута одмор“. Видоа дека тоа ќе биде нерамноправен меч ако нешто не се смени.
Ама немаа сила. Битолчани продолжија да даваат голови, во 20 минута имаа „двојна предност“ водеа 14-7, а до крајот на првото полувреме веќе со двоцифрена предност, 21-11. Тука се беше решено. Играа гостите од 22 минута беа Бен Махфуд кој доби директен црвен картон по фаулот врз Илија Димов.
Највисоката предност за гостите беше +16, но не „запнуваа“ бидејќи победникот беше решен одамна. Кај гостите Петар Марковски и Ненад Белистојаноски дадоа по седум гола, а еден помалку постигна Бојан Гичев. Кај домашните шест гола постигна Иванче Ончев, а пет даде Славе Јанковски.
Ракомет
Суперлига 2025/26
Плеј-оф - седмо коло
Радовиш - Еурофарм Пелистер 2 23-38 (11-21)
Спортска сала „25 мај“ - Радовиш
Гледачи: 40
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски
Радовиш:
Паунов, Ристов, М. Димов 2, Петров 2, Трајанов, Јанковски 5, И. Димов 3, Велков, А. Ѓорѓиев 2, Трајанов, К. Ѓорѓиев, Манасиев, Трајчевски 1, Ончев 6, Манасов, Костадинов 2
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер 2:
М. Фехми, Јовановски, Марковски 7, Лозановски 1, Гичев 6, Даневски 2, Митревски 2, Шулевски 1, А. Фехми 1, Димитровски, Пецаковски, Славков 3, Белистојаноски 7, Дрогришки 3, Мохамед Азис Бен Мафуд 2, Одфред Баптист 3
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 8 минути
До крајот на плеј-аутот преостануваат уште три кола, кои нема радикаслно да го променат пласманот на екипите од седмото до дванаесеттото место.






