Првпат оваа сезона ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 загубија во дуел со Пролет. Скопскиот тим славеше со 27-25 во салата „Македонско сонце“, потврдувајќи го падот на формата на битолчани.
Во најголем дел од првото полувреме се играше израмнето, но домашните пред паузата успеаја да создадат залиха што на крајот ќе се покаже доволна за бодови (16-11. Упорните битолчани не се откажуваа од камбек во натпреварот, предводени од одличниот Јовановски на голот со 14 интервенции, дојдоа само на гол негатива.
Беше 25-21 на десетина минути до крајот, а гостите трипати во серија беа прецизни за 25-24. Немаше акција за реми, бидејќи сигурен реализатор на пеналите за Пролет беше Стоилевски, кој го даде и последниот гол за 27-25.
Во победничкиот тим Стојановски беше лидер меѓу стрелците со седум гола, а по пет пати погодуваа Симоновски и Стоилевски. Во составот на Еурофарм Пелистер 2 се истакнаа Митревски и Бен Махфуд со по шест погодоци.
Ракомет
Суперлига
Плеј-аут - шесто коло
Пролет - Еурофарм Пелистер 2 27-25 (16-11)
Спортска сала „Македонско сонце“ - Скопје
Гледачи: 100
Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска
Пролет:
Трајков, Великиќески, Солев, Трајков, Симоновски 5, Василевски 1, Александров, Андоновски 2, Димковски 1, Стојановски 7, Стојчевиќ, Стоилевски 5, Црцаревски, Дрпљанин 2, Палевски 4, Деспотовски, Давитковски
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Марковски 4, Лозановски, Гичев 1, Даневски, Митревски 6, Шулевски, А. Фахми, Димитровски 1, Пецаковски, Славков, Белистојановски 4, Дрогришки 1, Мохамед Азис Бен Мафуд 6, Одифред Баптист 2
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 10 минути
Во следното седмо коло на плеј-аутот Еурофарм Пелистер 2 гостува во Радовиш.






