b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_05_13213215.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 со пораз ја завршија авантурата во плеј-аутот на македонската Суперлига, откако загубија од Прилеп на домашен терен со 24-28 (12-14). Гостинскиот тим одигра подобар натпревар, имаше два гола предност на паузата (12-14), а во второто полувреме стави во уште посилна брзина, не дозволувајќи им на битолчани да се вратат во резултатска смисла.

Имаше Прилеп во еден момент и осум гола позитива, јасно ставајќи до знаење дека е поквалитетен тим. На крајот, конечниот резултат гласеше , а најдобар поединец кај победниците беше Димитар Димитриоски со десет погодоци. Кај домашниот тим, добар настап имаше Петар Марковски, кој постигна седум голови.

Ракомет

Суперлига 2025/26

Плеј-аут - десетто коло

Еурофарм Пелистер 2 - Прилеп 24-28 (12-14)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола

Гледачи: 300

Судии: Александар Шуковски и Иван Илиевски

Еурофарм Пелистер 2:

Јовановски, Младенов, Марковски 7, Лозановски 1, Гичев 1, Даневски, Велески, Митревски 2, Шулевски 7, Лазаревски, А. Фехми 1, Дамчевски, Пецаковски, Славков 1, Одифред Баптист 4

Седмерци: 3/2

Исклучувања: 8 минути

Прилеп:

Ангелески, Ивчевски, Тренчевски 3, Кастратовиќ 2, Рајатовски 2, Шипинковски, Крстески 2, Илиески 2, Димитриоски 10, Шабановиќ 6, Цветаноски, Столески, Ѓорѓиевски 1, Соколески

Седмерци: 7/5

Исклучувања: 4 минути

Екипата на Еурпфарм Пелистер 2 го заврши плеј-аутот на второто место, зад Прилеп, и вкупно е осмопласирана во Суперлигата за сезоната 2025/26. И следната сезона овој млад тим ќе игра во елитната категорија.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723