Битолчанецот Андреј Георгиев од наредната сезона (три години) ќе тресе мрежи за Еурофарм Пелистер 2. Кадетскиот репрезентативец кој оваа година доминираше на позицијата десно крило и скоро на секој натпревар кој го одигра беше најдобар стрелец.
Еурофарм Пелистер 2 во изминатите години прерасна во вистинска база за развој на млади македонски ракометари, а клубот и ова лето активно работи на создавање конкурентен и млад тим. Потписот на Андреј Георгиев претставува нов чекор во неговата кариера и можност за дополнителен напредок во еден од најорганизираните ракометни системи во Македонија.






