Еурофарм Пелистер 2 се избори за победа од 22-26 на гостувањето кај Струга во натпреварот од единаесеттото коло во македонската ракометна Суперлига.
По првите триесет минути битолчани имаа предност од еден гол (11-12), а неизвесната игра продолжи и во второто полувреме, иако гостите постојано беа во водство од два до три гола. Стружани побараа тајм-аут во 47. минута при резултат 17-20 во корист на гостинот, но предноста на битолчани не се намалуваше. Времето изминуваше, пелистерци не дозволуваа лесен пристап кон својот гол и уште повеќе ја зголемија разликата, па така на крајот успеаја да го заокружат петтиот сезонски триумф и славеа со конечни 22-26.
Најдобар поединец во победничкиот тим беше Одифред Баптист со осум голови, а на спротивната еден гол помалку имаше Ненад Костески.
Ракомет
Суперлига 2025/26
10. коло
Струга - Еурофарм Пелистер 22-26 (11-12)
Спортска сала „Нико Нестор“ - Струга
Гледачи: 100
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Струга:
Тутенковски, Ѓурѓевиќ, Белески, Мечкароски 4, Костов 2, Клењоски, Ферукоски 1, Пејоски, Велјаноски, Димоски, Алиша, Мајдоуб 4, Костоски 6, Савески 1, Талевски, Атанасовски 4
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, М. Фехми, Младенов, Марковски, Лозановски, Гичев, Даневски 3, Велески, Митревски 6, Шулевски 3, А. Фекми, Димитровски 1, Белистојановски, Дрогришки, Мохамед Азис Бен Мафуд 5, Баптист Одифред 8
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 2 минути
Следниот викенд во 12. коло на Суперлигата, Еурофарм Пелистер 2 ќе го пречека Прилеп.






