b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_10_euro26-north-macedonia-vs-romania_2ka05512_em.jpg

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на играчи за претстојната ЕХФ недела. На списокот се наоѓаат ракометари на Еурофарм Пелистер: Никола Митревски, браќата Петар и Павле Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски, Мирче Калајџиевски, Жарко Пешевски, Самоил Ристевски, Мартин Серафимов, Ненад Белистојаноски и капитенот Филип Кузмановски.

На списокот на Лазаров се наоѓаат следниве ракометари:

Голмани: Мартин Томовски, Васил Гогов, Никола Митревски, Иван Галевски и Марко Кизиќ.

Леви бекови: Филип Кузмановски, Димитро Хориха, Павле Атанасијевиќ, Филип Талевски и Емилијан Ѓоргоноски.

Средни бекови: Марко Митев, Дамјан Митев, Мирче Калајџиевски и Мартин Ивановски.

Десни бекови: Давид Савревски, Мартин Велковски, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов и Филип Николов.

Леви крила: Петар Атанасијевиќ, Марио Стојановски, Цветан Кузманоски, Иван Џонов и Гоце Ојлески.

Десни крила: Алксандар Петковски, Ален Ќосевски, Никола Костески и Ненад Белистојановски.

Кружни напаѓачи: Самоил Ристевски, Милан Лазаревски, Марко Стојковиќ и Жарко Пешевски.

Овие 35 ракометари ќе конкурираат за настап на квалификациските натпревари за Европското првенство 2028, на 4 ноември со Луксембург во Скопје и на 8 ноември со Грција на гостински терен.

sponzori 2026 2027

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723