Ракометарите на Еурофоарм Пелистер 2 приредија пријатно изненадување во последниот натпревар од седмото коло во македонската Суперлига, откако на домашен терен во Битола го совладаа Тиквеш со 34-27.
Домаќините одлично го отворија дуелот и веќе во шестата минута имаше предност од 4-0. На гостите од Кавадарци речиси ништо не им одеше од рака, а за тоа најдобро говори податокот дека вториот гол го постигнаа дури во 12. минута, кога резултатот беше 7-2.
Домаќините продолжија во ист ритам и на паузата заминаа со убедливи седум гола предност (17-10), најавувајќи дека бодовите ќе останат во Битола.
Во второто полувреме Тиквеш заигра нешто подобро и се обиде да ја намали негативата, но битолчани не дозволија посериозно враќање на гостите во натпреварот. Еурофарм Пелистер 2 ја задржа контролата врз играта и резултатот, рутински одработувајќи го завршниот дел од средбата.
Фантастични во таборот на домашниот тим беа Давид Димевски со девет гола од десет обиди, а два помалку имаше Симоновски. За Тиквеш на врвот од листата на стрелците беше Ончев со осум погодоци.
Ракомет
Суперлига 2026/27
Седмо коло
Еурофарм Пелистер 2 - Тиквеш 34-27 (17-10)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 200
Судии: Дејан и Димитар Ѓорѓиевски (Скопје)
Еурофарм Пелистер 2:
Трајков, Младенов, Димевски 9, Лозановски 2, Стојков 3, Велески, Митревски 4, Гутиќ 3, Шулевски 1, Илиески, Дамчевски, Ј. Симоновски, Крстевски 3, Дрогришки 1, Ѓорѓиевски 1, К. Симоновски 7
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 16 минути
Тиквеш:
Велков 1, Солев, Бакев, Јовевски, Цејовиќ 6, Гевидиа 3, Димовски 1, Димковски 3, Лазов 1, Лезороски, Симиќ 2, Ончев 8, Мохамед Азис Бен Мафмуд, Габара 2
Седмерци: 8/5
Исклучувања: 10 минути
Во следното осмо коло Еурофарм Пелистер 2 гостува во Охрид.






